Кумановецот Мартинијан Кириловски вечерва ќе биде дел од големото финале на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а за да победи му треба нашата поддршка.
Loading...
Со почеток во 21 часот финалето ќе се емитува на Канал 5 телевизија во Македонија, а нашиот млад сограѓанин ќе настапи под редниот број 6.
Под менторство на Јелена Карлеуша, Мартинијан влезе во големото финале, вечерва ќе ни отпее маестрално, а на нас е да гласаме за него.
Тоа можете да го сторите со смс порака на бројот 145333 доколку гласате од Македонија. Доколку гласате од Србија редниот број 6 во смс порака го испраќате на бројот 1010, а од БиХ се гласа на бројот 091410719.
Фото: Фејсбук