Црвен крст Куманово со собирна акција за детски новогодишни пакетчиња

Сподели со своите пријатели

Клуб на млади при Општинска организација на Црвен крст Куманово по повод новогодишните празници утре и задутре (вторник и среда) со почеток од 11 до 14 часот на градскиот плоштад орагнизира собирна акција за донација на потребни материјали за детски новогодишни пакетчиња.

Loading...

Како што информираат од Црвен крст Куманово, на местото на собирната акција ќе биде поставена „Новогодишната соба на Дедо Мраз” која волонтерите сами ја изработиле за потребите на собирната акција.

– Секој ќе има можност да се слика и да донира финансиска или материјална помош и секако да се стопли со топол напиток кој ќе биде подготвен од нашите волонтери. Сите собрани материјални средства ке се искористат за изработка на новогодишни пакетчиња, како и финансиски средства за купување на новогодишни пакетчиња, а потоа ќе ги израдуваме дечињата од руралните средини и дечињата од социјално загрозени семејства, велат од кумановскиот Црвен крст.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

Од организацијата на Црвениот крст од Куманово повикуваат граѓаните да ја покажат хуманоста и да донираат за најмалите.

Никола Ивановски