Црни волци снимени во полска шума – научниците истражуваат како е тоа можно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Два ретки црни волци, најверојатно брат и сестра, биле фатени на камера како поминуваат низ поток во полска шума, соопшти во неделата локална организација за заштита на природата.

Loading...

Необичниот изглед на овие животни во Полска беше снимен минатата година со видео камера поставена од координаторката на проектот за заштита на дивиот свет SAVE, Јоана Точидловска, пренесува CNN.

Организацијата потоа решила да собира измет во шумата со надеж дека ќе дознае повеќе за генетиката на црните волци.

„Тоа е нешто ново и необично“, изјави Точидловска за Асошиетед прес.

Точидловска првично ја поставила камерата за да ги проучува дабарите, а кога забележа дека наместо тоа се снимаат волци, продолжила да ја држи камерата на истото место и снимила уште една снимка од црн волк, пред само неколку недели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мислела дека се допишува со Илон Маск, па изгубила 26.000 евра

Во една снимка, црн волк и сив волк полека преминаа низ поток во шумата, водата речиси до нивните стомаци, пред да скокнат на брегот.

Друго видео, снимено минатата есен, прикажува два црни волци и сив волк како скокаат низ истиот поток.

Повеќето од 2.500 до 3.000 волци во Полска се сиви. Црното крзно потекнува од генетска мутација која се случила и кај домашните кучиња пред илјадници години.

Loading...

Темното крзно е ретко во Европа поради намалената генетска разновидност, но најмалку половина од популацијата на волци има црно крзно во Националниот парк Јелоустоун во САД.

Двата снимени црни волци тежеле околу 30 килограми – со големина колку германски овчар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мислела дека се допишува со Илон Маск, па изгубила 26.000 евра

Точидловска наведува дека најверојатно се брат и сестра и имаат околу една година.

Организацијата за заштита, која 13 години ги набљудува волците во Полска, не ја открива локацијата на шумата за да ги заштити волците од ловокрадство и да спречи ширење на дезинформации.

Волците во суштина беа исчезнати во Полска до 1950-тите, но популацијата се врати во последниве години, особено во централниот дел на земјата во раните 2000-ти.

Точидловска и нејзините колеги ги учат граѓаните како да живеат безбедно во области населени со глутници волци.

 

Loading...