ЦИД ги додели наградите за учество во меѓуграничниот проект ”Е-регион, Можност за развој”

Сподели со своите пријатели

Во рамки на проектот ”Е-Регион, Можност за развој” спроведен во соработка на Центарот за меѓукултурен дијалог и Европски институт -Благоевград,  по објавениот и завршен конкурс за претприемачки иницијативи co цел младите да ја претворат својата бизнис идеја во реалност, денес го објави изборот на најдобрите апликанти.

Loading...

Prvonagraden tim

Oд примените идеји од Македонија, првата награда ја доби Викторија Крстеска со иновативна идеја за веб апликација која ќе помогне да се следат попустите и понудите од македонската и бугарската страна на границата.

Второ место на конкурсот е за идејата на Николчо Гошев кој предложи курсеви за онлајн учење и поддршка за нови бизниси.

Овој конкурс беше наменет за млади креативци, кои бараат можност да ги презентираат своите претприемачки и бизнис идеи.

Предлозите освен оргинална идеја за претприемничка иницијатива (со особен акцент на е-претприемништво) целеа кон позитивно влијание врз подобрување на квалитетот на животот на населението во прекуграничниот регион Македонија и Бугарија, соопшти Милош Ристовски од Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово.

Големиот потенцијал за е-претприемништво во прекуграничниот регион на Македонија и Бугарија се уште не е искористен и поради ова од Центар за меѓукултурен дијалог се надеваме дека во скора иднина ќе има уште повеќе заеднички иницијативи и идеи, вели Ристовски.

Проектот “Е-Регион: Можност за развој” има за цел подобрување на социјалната кохезија во меѓуграничниот регион на Македонија и Бугарија преку развој на онлајн алатки и промоција на претприеништво.

Овој проект се реализира од Центар за меѓукултурен дијалог (Македонија) и Европски Институт (Бугарија), во рамки на програмата ИПА за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија 2007CB16IPO007.

Loading...

Во рамки на проектот се реализираа и онлајн обуки за претприемништво и вештини за вработување кои се достапни на веб сајтот на проектот.