ЧУДЕН ФЕНОМЕН: Овој водопад тече нагоре (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Многу корисници на социјални мрежи кои го видоа видеото беа изненадени како водата на водопадот може да ѝ пркоси на силата на гравитација и да оди нагоре, наместо да се спушта, како и обично.

Loading...

Австралиските метеоролози велат дека објаснувањето е во силниот ветер што ја зафатил оваа област.

Нов Јужен Велс во претходните денови беше погоден од поројни дождови и ветер, а налетите на ветерот до 70 километри на час беа снимени во Кралскиот национален парк, каде што беше снимен водопадот.

Метеоролозите велат дека налетите на ветерот биле доволно силни за да ја подигнат водата и да ја променат нејзината насока.

 

Leave a Reply