Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово остварило добивка од над 1,5 милиони денари во првиот квартал од годинава.
Ова го покажан финансискиот извештај на комуналното претпријатие кое денеска пред Советот на Општина Куманово го презентираше директорот Ненад Стојановски.
Како што рече тој, во посочениот период има зголемени и приходи, но и трошоци, најголем дел во однос на законската обврска за покачување на платите.
– Има зголемени трошоци за плати и тоа во сериозни бројки, затоа што имаше две покачувања на плати и тоа е ставката трошоци за вработени, која од минатата година изнесувала 29,9 милиони денари, а оваа година веќе изнесува 35,3 милиони денари што е зголемување од 5,5 милиони денари и ако се анализира целата година ќе излезе сума од 16 милиони денари. Зборуваме за законското покачување на плати што сме обврзани да го прифатиме и втората ставка е останати трошоци на работење во најголем дел вработувањата преку агенција за привремени вработувања и нотарските и адвокатски трошоци, рече Стојановски.
Сепак, според директорот, и покрај зголемените трошоци, претпријатието работи со блокада и финансиска рамка од 16 милиони денари со која мора да исплаќа плати и да ги извршува сите свои функции, што веќе станува проблем.
– Претпријатието работи со блокада од УЈП и има рамка од 16 милиони во која функционира. Со оглед дека се пораснати серизоно трошоците, кои најголем дел отпаѓаат на плати, последната плата е 12,5 милиони, без агенција, со агенција тоа е веќе 14 милиони, и со останатите средства треба да се менаџира целокупната работа на „Чистота и зеленило“. Ако се земе предвид во каков обем и што тоа извршува самото претпријатие тоа се недоволни средства, посочи тој.
Стојановски истакна дека во следниот период ќе се направи анализа за евентуално покачување на некои цени на услуги, или евентуално кратење на некои непотребни трошоци со цел да не дојде состојба во која ќе се наруши работата на комуналното претпријатие.
– Ќе побарам конструктивно да ги разлгедате сите цени и услуги, и не само во овој дел ќе ги разгледам сите делови каде ќе може да се намалат трошоците на претпријатието за да може ова јавно претпријатие да ги амортизира зголемените цени, а истовремено ќе се потрудиме прихдотие да ги зголемиме, а најголеми се наплата за транспорт на смет, рече тој.
Никола Ивановски