Четири лица од Скопје биле приведен ноќва во Куманово откако полицијата кај нив пронашла супстанци за кои се сомнева дека се наркотици.
Loading...
– На 08.05.2025 во 02.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Ф.(38), Х.И.(38), С.О.(38) и Р.Д.(30), сите од Скопје, затоа што при преглед кај нив биле пронајдени прашкаста и течна материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од кумановската полиција, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски