Четворица цивили загинати при гранатирањето на Алепо од бунтовниците

Сподели со своите пријатели

Четворица цивили, меѓу кои двајца студенти, загинаа денеска за време на гранатирање на „терористички групи“ врз сирискиот град Алепо, јави сириската државна новинска агенција САНА.

Loading...

Милитантите на терористичката група Џабхат ал Нусра отворија оган на територијата на Државниот универзитет во Алепо во близина на кампусот, при што според извештајот убиле четворица цивили.

Сириската авијација денеска нападна терористи кои започнаа офанзива од Идлиб на западот на провинцијата Алепо, изјави за РИА Новости извор од безбедносните сили.

Бунтовниците во Сирија во средата започнаа упад во десетина градови и села во северозападната провинција Алепо контролирана од сирискиот претседател Башар ал Асад, што е најголемиот бунтовнички напад од март 2020 година кога про-Асад Русија и пробунтовничката Турција се согласија на прекин на огнот. со што завршија повеќегодишните конфликти во кои загинаа милион Сиријци, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 5,6 степени го погоди Иран