Лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија денес повторно ќе се сретнат во Клубот на пратеници во присуство на амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
Последната лидерска средба се одржа во понеделникот и по средбата немаше изјави за медиумите.
Loading...
Од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ испратија идентично соопштение во кое информираа дека политички партии се состанале за да ги продолжат дискусиите за точната организација на Владата што ќе ги подготви изборите.
Според неофицијални информации на дел од медиумите, лидерите во четврток имале одвоени средби со американскиот амбасадор.