Нови четири контејнери за бегалците се поставени во Прифатниот транзитен камп на Табановце, кои се очекува во текот на утрешниот ден да бидат приклучени на електрична енергија и да бидат целосно ставени во употреба, стои во извештајот на Министерството за труд и социјална политика доставен до Регионалниот центар за управување со кризи.
Во текот на денот повлечени биле тојферите, а кампот неколкукратно бил чистен од страна на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, додека од Центарот за јавно здравје извршена е дезинфекција на сите делови од кампот.
Во текот на наредниот период се очекува во транзитниот центар да пристигнат уште 22 контејнери за бегалци, поради најавата за можни враќања на бегалци од Република Србија, а истите ќе овозможат и ноќен престој на лицата кои транзитираат низ Република Македонија.