Честитка за граѓаните на Куманово по повод 11-ти октомври од ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели со своите пријатели

По повод еден од најголемите национални празници во Република Македонија, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово испрати честитка до граѓаните, а ние ви ја пренесуваме во целост.

Loading...

11-ти Октомври е денот кога пукна првата пушка во Прилеп, а веднаш потоа и во Куманово, со што започна борбата против фашизмот, борба за самостојноста на македонскиот народ и се удираат темелите на македонската државност. Наша должност е да го чуваме споменот на храбрите борци кои го дадоа својот живот за ние денес да имаме наше парче земја, наша татковина! Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Куманово на сите граѓани им го честита денот на Народното востание на македонскиот народ.

Како што веќе објавивме, локалната самоуправа има предвидено богата програма за одбележување на празникот.