Рускиот претседател Владимир Путин го гледал 16-годишниот син на чеченскиот лидер како пука на стрелиште за време на посетата на Грозни, Чеченија.
Путин од балконот со слушалки го гледал Адам Кадиров, еден од синовите на Рамзан Кадиров, додека момчето изведувало тактичко гаѓање на стрелиштето.
Таткото на Адам Рамзан Кадиров застана до Путин, пренесува Јутарњи лист.
🇷🇺 Vladimir Putin personally watched Adam, Ramzan Kadyrov’s son shoot at a shooting range in Grozny. pic.twitter.com/kXQ4AZU5dd
— Lord Bebo (@MyLordBebo) August 21, 2024
Да потсетиме, минатата година Адам Кадиров беше обвинет дека претепал затвореник, млад Украинец, обвинет за палење на Куранот.
Кадиров тогаш рече дека е горд на својот син и ги објави коментарите на Телеграм заедно со видеото на кое се гледа како младиот човек удира со тупаници и клоца друг маж свиткан на стол пред да го собори на подот и да го удри со глава.
Подоцна бил назначен за главен телохранител на неговиот татко и станал началник на школата за обука на чеченските специјални сили во Гудермес.