Чарлс Трети официјално станува крал на Британија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Чарлс III денеска официјално беше именуван за нов крал на Британија на церемонија пред Советот за пристапување во палатата Сент Џејмс во Лондон.

Loading...

Состанокот на Советот за пристапување, церемонијално тело, започна во осум часот по локално време и ќе има два дела – објавување на новиот монарх и потпишување на кралската заклетва за зачувување на безбедноста на црквата на Шкотска, објави Ројтерс.

На објавувањето присуствува принцот Вилијам, а настанот се пренесува на телевизија за прв пат во историјата.

На Советот присуствуваат и сите шест живи поранешни британски премиери.

Во текот на денот, Парламентот треба да положи заклетва на кралот Чарлс Трети и да изрази сочувство за смртта на неговата мајка, поранешната кралица Елизабета Втора, а новиот крал потоа треба да ги прими премиерот и главните министри, јавуваат британските медиуми.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.  

Loading...