Цела Италија во опасност од лизгање на земјиште

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 90 отсто од италијанските општини се подложни на лизгање на земјиштето или други природни катастрофи, изјави денеска шефот на националната агенција за цивилна заштита Фабрицио Курцио.

Loading...

Курцио за италијанскиот весник Стампа изјави дека 94 отсто од општините се изложени на ризик од поплави, лизгање на земјиштето или ерозија на крајбрежјето и дека цела Италија е ризична област.

Тој го изјави ова откако лизгање на земјиштето го опустоши италијанскиот остров Искија, при што загинаа најмалку седум лица.

Одроните на тој остров беа предизвикани од многу силен дожд, што предизвика големо количество кал да се лизне по падината на котата кон пристаништето Казамичола, уривајќи се пред него и носејќи цели згради и возила во морето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Група од 38 виетнамски туристи исчезна во Јужна Кореја