Трите семејства Мирковиќ сместени во напуштената зграда на поранешен Основен Суд – Куманово, денес ја добија втората пратка од предвидената хуманитарна помош донирана од вработените во Царинска Управа на Република Македонија.
[huge_it_gallery id=”5″]
Од лични средства и донации, вработените во Царинска Управа на РМ, денес донираа храна и облека за десетте деца на семејствата Мирковиќ кои живеат без електрична енергија повеќе од пет години, во влага и услови под секакво човечко достоинство.
По повод 14 април, Ден на Царинска Управа на РМ, вработените пред христијанскиот празник Велигден ја однесоа првата од двете пратки наменети за семејствата Мирковиќ.
Денес семејствата добија облека за десетте деца, храна и играчки.