Астрофизичарот Лучезар Филипов тврди дека во Бугарија се случуваат кидпанирања кои ги вршат вонземјаните, пишува бугарски „Телеград“.
Во текстот под насловот „Вонземјани киднапираат деца и девојки“, професорот Филипов рекол дека „посетителите од вселената ги интересираат постари лица, млади луѓе и деца“.
Професорот тврди дека многумина зборивале дека такви случаи се случуваат и во Бугарија, а последен бил наводно киднапирање на постар човек од село во регионот на градот Варна.
Тој вели дека пред некое време млада жена дошла кај него и рекла дека од нејзиното тело преку хирушки пат е отстрането паре метал.
– Беше шокирана, дојде со мајката и ми покажа мала плочка со квадратна форма. Извадена со перативен пат, рекол професорот.