Бугарија најави промена на политиката на воена помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Бугарија одлучи да го разгледа списокот на вишокот оружје и воена опрема што треба да се испрати како помош за Украина додека не види што е потребно за да ги зачува сопствените воени способности и какво оружје може да добие од Запад во замена за испратена помош.

Loading...

Како што пренесува порталот „Балканска безбедносна мрежа“, бугарскиот министер за одбрана Дмитар Стојанов изјавил дека министерството на чело со него ќе направи темелна анализа на списокот со оружје што било планирано да биде испратено во Украина како воена помош.

Освен Унгарија, Бугарија е единствената членка на НАТО и ЕУ која досега не испратила воена помош за Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Сега тоа се менува и Парламентот на Бугарија му одреди рок од еден месец на Советот на министри на таа земја да поднесе предлог-резолуција за испраќање воена и воено-техничка помош за Украина.

Според Стојанов, во тој рок ќе се направи анализа која ќе даде одговор на прашањето што може да се препрати до Украина.

Основниот принцип по кој ќе се водат членовите на Советот на министри, додаде тој, ќе биде дека во тој процес не смеат да бидат загрозени капацитетите на бугарските вооружени сили да ги извршуваат своите уставни должности за одбрана на земјата.

При проценката ќе се земе предвид што земјите кои решиле да и помогнат на Украина со своето оружје досега добиле од Запад во однос на воената опрема.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

„Она што го добија во однос на оружјето не беше поново од она што го донираа. Тоа е само опрема од западно потекло која е компатибилна со силите на НАТО“, рече Стојанов.

Loading...

Бугарскиот министер за одбрана додаде дека во моментов „нема шанси“ земјата да ѝ обезбеди тешко оружје на Украина бидејќи најпрво сака да добие оружје за да ги замени тие средства.

Сличен став имаа и пратениците во бугарскиот парламент, кои со убедливо мнозинство од 175 гласа за и 49 против, му дадоа рок на Советот на министри еден месец да го утврди списокот со воена опрема погодна за донација на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина

Тие се согласија со потребата Бугарија да придонесе во заедничките напори на меѓународната заедница да и помогне на Украина, но истакнаа и дека во тој процес мора да се внимава да се зачуваат одбранбените капацитети на земјата.

Бугарскиот претседател Румен Радев минатиот месец предупреди дека испраќањето постојно оружје во Украина без нивно заменување со понови „ќе го влоши долгорочниот дефицит на капацитети во сè почувствителна безбедносна средина“.

Тој оцени дека се „опасно наивни“ ставовите според кои Бугарија веднаш би добила НАТО оружје со испраќање оружје во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.