Бројот на загинатите во земјотресот во Кина се искачи на 93

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди западната кинеска провинција Сечуан минатата недела се искачи на 93 додека спасувачите продолжуваат да трагаат по преживеани, соопштија денеска властите, пренесува АП.

Loading...

Потрагата по преживеани беше отежната поради силниот дожд и ризикот од лизгање на земјиштето.

Најголема штета е направена во градот Ганза во автономниот регион на Тибет.

Земјотресот предизвика штета и во Ченгду, главниот град на Сечуан, каде што е на сила изолација од коронавирусот, па на жителите не им беше дозволено да ги напуштат зградите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанес: Промената на Трамп во климатската политика би била од корист за нас

Десетици милиони Кинези се во целосна изолација поради коронавирусот.

Повеќе од 270 луѓе беа повредени во тој земјотрес што ја погоди провинцијата Сечуан на 5 септември.

Тоа е најсилниот земјотрес што ја погодил покраината од 2017 година, а најсилниот земјотрес во последните децении беше во 2008 година, со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа речиси 70.000 луѓе.