Бројот на загинати од ураганот Иан се искачи на 103

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати од ураганот Иан во Флорида и Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови по втор пат пребаруваат десетици илјади домови и деловни објекти долж брегот на Тихиот Океан за да најдат преживеани, јавува Ројтерс.

Loading...

Службите за итни случаи пребарале околу 45.000 имоти откако Јан ја погоди Флорида минатата среда.

Директорот на Администрацијата на спасувачките служби на Флорида, Кевин Гатри изјави дека секоја адреса била темелно и многу брзо истражена и дека спасувачите сега почнуваат повторно да ги пребаруваат сите згради за да најдат преживеани, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

Од саботата, повеќе од 1.000 луѓе се спасени само од поплавените области долж југозападниот брег на Флорида.

Белата куќа објави дека претседателот Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден утре ќе отпатуваат за Флорида.