Брод со украинска пченка се насука во Суецкиот канал

Сподели со своите пријатели

Товарен брод денеска се насука во египетскиот Суецки канал, соопшти услужната компанија задолжена за овој морски премин.

Бродот „МВ Глори“ се насука недалеку од градот Кантар, во провинцијата Исмаилија. Реморкерите се обидуваат да го рестартираат товарниот брод.

Според податоците од сателитот на поморскиот сообраќај, инцидентот се случил на еднонасочниот дел на Суецкиот канал, јужно од Порт Саид во Средоземното Море.

Портпаролот на управата на Каналот одби да го коментира случајот и рече дека ќе биде објавено соопштение.

Заедничкиот координативен центар го регистрираше „МВ Глори“ како брод натоварен со 65.000 тони пченка кој се транспортира од Украина во Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 бегалци од Судан загинаа или исчезнаа во два бродоломи во Либија

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.