Британскиот премиер: Се извинувам што не останав во Франција. Тоа беше грешка

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак се извини откако претходно ја напушти големата меѓународна церемонија за комеморација на 80-годишнината од Денот Д затоа што даваше ТВ интервју по повод парламентарните избори во неговата земја.

Loading...

Премиерот призна дека „беше грешка“ што не остана во Франција на меѓународната церемонија што се одржа по британската церемонија во Нормандија, на која присуствуваше.

Сунак се најде на удар на критики откако се дозна дека го прескокнал настанот со другите светски лидери за да се врати во Велика Британија на интервју за ИТВ.

Премиерот рече дека „длабоко се грижи за ветераните“ и дека „честа е да го претставувам Обединетото Кралство на голем број настани во Портсмут и Франција во последните два дена и да се сретнам со луѓето кои толку храбро се бореа“.

„По завршувањето на британскиот дел од церемонијата во Нормандија, се вратив во Обединетото Кралство. Кога ќе размислам, грешка беше што не останав подолго во Франција и се извинувам“.