Британскиот министер за надворешни работи: „Путин самиот себе се затвори во кафез“

Сподели со своите пријатели

Русија сега е „помала земја“ по инвазијата на Украина, изјави британскиот министер за одбрана Бен Вoлас.

Loading...

Во изјава за „Скај њуз“ тој оцени дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „веќе не е силата што беше, туку дека е човек кој се затворил во кафез“.

– Армијата му е исцрпена, претрпе значителни загуби. Угледот на големата армија на Русија е уништен. Тој не само што треба да живее со последиците од она што и го прави на Украина, туку ќе мора да живее и со последиците од она што и го направи на својата војска – рече Вoлас.

 

Русија ги повлекува набљудувачите од специјалната мисија на ОБСЕ во Украина

 

Британскиот министер рече дека се чини дека руската армија се репозиционира и го насочува својот фокус кон југот и истокот на Украина.

– Го видовме тоа и порано. Секогаш ќе биде полошо. Ќе има уште напади врз цивили и области каде што има цивили – додаде тој, пренесува Би-Би-Си.

Loading...