Британски платеник се обесил по враќањето од Украина

Сподели со своите пријатели

Хари Грег, 25-годишен маж од Норфолк, Велика Британија, кој бил инспириран од поранешната премиерка Лиз Трaс да оди да се бори во Украина, извршил самоубиство.

Loading...

По враќањето од Украина, Грег се обесил, објавија во неделата британските медиуми, повикувајќи се на официјална истрага, пренесува Раша тудеј.

Тој, наводно, страдал од посттрауматско стресно растројство и не можел да добие соодветна помош, според неговата мајка.

Во февруари 2022 година, Трас, тогашниот министер за надворешни работи, на националната телевизија рече дека „апсолутно“ ќе ги поддржи државјаните на Велика Британија што ќе се борат за Украина.

Нејзината изјава уследи по претходниот повик од официјални лица во Киев за странски волонтери да дојдат и да се приклучат на борбата.

„Народот на Украина се бори за слобода и демократија, не само за Украина, туку и за цела Европа“, рече тогаш таа, додавајќи „ако луѓето сакаат да ја поддржат таа борба, јас би ги поддржала “.

Нејзините коментари беа во спротивност со владата, која тврдеше дека секој што „се бори или помага на другите вклучени во конфликтот“ може да биде кривично гонет по враќањето во Британија.

„Тој тешко страдаше од ПТСП додека се бореше на првите линии во Украина. За жал, немаше помош за него“, рекла мајката на Грег.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.