Британски генерал прикривал воени злосторства

Сподели со своите пријатели

Британскиот генерал Гвин Џенкинс прикрил докази за егзекуциите на затвореници во Авганистан од страна на британските специјални сили (САС), јавува Би-Би-Си.

Loading...

Џенкинс, кој моментално е втор највисок ранг офицер во британските вооружени сили, добил извештаи за егзекуциите во 2011 година, но наместо да дејствува, документите ги ставил во сеф.

Во истиот месец кога го задржал извештајот за злосторствата на британските специјални сили, Џенкинс бил назначен за шеф на сите специјални сили на Велика Британија во Авганистан.

Претходно пред британскиот суд беше откриено дека доказите не и биле предадени на воената полиција, но Министерството за одбрана го сокрило идентитетот на инволвираните офицери.

Според британскиот закон, командантите се обврзани да ја известат воената полиција доколку дознаат за какви било докази дека можеби е извршено воено злосторство.

Наводите за убиства од страна на специјалните сили сега се предмет на јавна истрага во Крунскиот суд.