Министерството за одбрана на Велика Британија објави нов извештај на своето воено разузнавање за војната во Украина.
Во него се наведува дека Русија можеби добила нова пратка ирански дронови камикази.
Во вторникот, потсетуваат, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека нивните сили собориле најмалку 14 дронови од типот Шахед-136.
Вчера, сепак, украинските власти објавија дека Русите користат ирански дронови за напади во регионите Запорожје и Днепар.
Последното пријавено соборување на ирански дронови камикази пред тоа беше на 17 ноември, според разузнавачите.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 09 December 2022
Find out more about the UK government’s response:
https://t.co/8lSxWhSXeO🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/C9RUY80d8v
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) December 9, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.