МВР одзеде „Порше“ на автопатот Куманово – Скопје, возел со скоро 190 км/ч

Сподели со своите пријатели

Полициските службеници одзеле возило „Порше“ на автопатот Куманово – Скопје, при што лишен од слобода бил лишен и возачот кој управувал со 188 километри на час.

–  На 18.06.2026 во 18:20 часот, на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Серискиот убиец од Нагоричане убивал за да задоволува полови страсти

– По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час.

Поради сторениот прекршок, возилото, велат од МВР, е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

– Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните, потенцираат од полицијата.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Второ прскање против комарци во вторник во Куманово

Никола Ивановски