Британија ќе инвестира 700 милиони фунти во нова нуклеарна централа

Сподели со своите пријатели

Велика Британија ќе инвестира 700 милиони фунти во новата нуклеарна централа Сајзвел Ц, изјави премиерот Борис Џонсон, кој следната недела ја напушта канцеларијата на Даунинг стрит.

Loading...

„Сигурен сум дека ќе го средиме тоа во наредните недели. Ќе го решиме бидејќи би било апсолутно лудо тоа да не се направи“, рече Џонсон, сигнализирајќи дека Лондон ќе инвестира во францускиот проект ЕДФ.

Инвестирањето во нуклеарната енергија се совпадна со напорите на Велика Британија да ги задоволи енергетските потреби што е можно повеќе од домашното производство, со оглед на силниот раст на цените на енергијата, но и за намалување на емисијата на штетни гасови, пишува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)

Велика Британија допрва треба да ги заинтересира приватните инвеститори во нуклеарната централа Сајзвел Ц.

Францускиот ЕДФ соопшти дека централата може да чини 20 отсто помалку од нејзината нуклеарна централа Хинкли Поинт Ц, која во моментов се проценува дека чини меѓу 25 и 26 милијарди фунти.

Поголемото производство на нуклеарна енергија би ја намалило долгорочната зависност на Британија од природен гас, која сочинуваше околу 45 отсто од вкупното производство во 2021 година.

Владата ќе одвои пари за Сајзвел од резервираните 1,7 милијарди буџетски фунти за започнување на голем нуклеарен проект.

Нуклеарната централа Сајзвел Ц би требало да почне со работа само за неколку години.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Нуклеарната централа „Хинкли Поинт Ц“ често ги пробиваше роковите, но и финансиската конструкција, со дополнителни трошоци кои беа измерени во милијарди фунти.

Во моментов се очекува Хинкли да започне со работа во 2027 година, десет години подоцна од првично ветеното.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.