Бројни училишта во Брисел и во регионот Брабант ќе бидат затворени поради синоќешната закана од бомба, соопшти управата на валонско-бриселскиот образовен совет.
Loading...
Советот донесе одлука за затворање на 27 училишта со строго „придржување кон принципот на претпазливост“, пренесува Ројтерс.
Полициските служби истражуваат и прибираат дополнителни информации кои во текот на денот ќе бидат соопштени на јавноста.