Европската комисија ѝ ги исплати на Украина првите 4,5 милијарди евра поддршка во рамките на новиот фонд на ЕУ за Украина од предвидените 50 милијарди евра.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во изјава наведе дека исплатата, во форма на краткорочно финансирање, е од клучно значење за да ѝ се помогне на Украина да го одржи функционирањето на државата во тешко време, пишува Гардијан. пренесува Танјуг.
Таа додаде дека Украина го доставила својот план, кој покажува како земјата може да се врати на брзиот раст и да почне да ги компензира загубите предизвикани од војната.
„Со него Украина постави цврста основа за поддршка на ЕУ до крајот на 2027 година“, рече Фон дер Лајен.
На крајот на февруари, Европскиот парламент донесе одлука за создавање фонд за помош на Украина во вредност од 50 милијарди евра.
На специјалниот самит на 1 февруари 2024 година, лидерите на ЕУ одлучија да создадат фонд за помош на Украина за периодот до 2027 година во износ од 50 милијарди евра, како и да воспостават механизам за известување, според кој ќе биде договорено и одобрено на годишно ниво дополнително испраќање финансиска помош за Киев.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.