Бразилец криумчарел кокаин во лажен задник

Сподели со своите пријатели

Португалската полиција уапсила бразилски државјанин на Меѓународниот аеродром во Лисабон, под обвинение дека во лажна задница, односно панталони со додатоци, пренел килограм кокаин.

Пронајдена подморница на Ескобар, постои сомнеж дека на неа се крие големо богатство

Loading...

Локалните медиуми пренесуваат дека мажот во Лисабон допатувал со авион од градот Белем до Пара, на север од Бразил. Засега не е јасно како полицијата го открила случајот, наведува ВВС.

На лисабонската железничка станица приведен е уште еден маж, под сомнение дека требало да го преземе кокаинот кој го пренесувал бразилецот.

осомничените се на возраст од 32 и 40 години, соопштила полицијата, а им се закануваат тужби за шверц на дрога.

Пронашол заборавени пари од Пабло Ескобар – на својата фарма ископал 600 милиони (фото)

Запленетата дрога била доволно за 5.000 поединечни дози кокаин, прецизирала полиција во соопшрението, не анведувајќи колкава била цената на количеството кокаин.

Минатиот месец, полицијата во португалија и Шпанија заплени кокаин сокриен во свежи ананаси, кои биле транспортирани од Јужна Америка.

Leave a Reply