Поранешниот претседател на СДСМ, како и бивш премиер и Претседател на РМ, вчеранавечер гостуваше на телевизискиот канал Телма, во емисија под наслов ”Топ тема”. Емисијата ја водеше Снежана Лупевска, а самото појавување на Црвенковски во јавноста по подолга пауза, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Црвенковски пред камерите зборуваше на многу теми и јавно ги предочи своите размислувања за актуелната политичка криза, состојбите со аферата Пуч, но и за активностите на опозицијата во последните години.
Бранко Црвенковски повика на единство во, како што изјави, борбата против режимот на владејачката партија.
„Не може СДСМ сам да го победи ВМРО. Ќе треба да се обедини сè во државата и да се урне овој режим. Кога зборувам за широко движење, не мислам само на македонско, туку мислам ни вистинско, граѓанско мултиетничко движење“, рече Црвенковски во синоќешното интервју за телевизијата „Телма“.