Браќата Тејт избегаа во САД? Jа напуштија Романија во зори сред судењата за силување и трговија со луѓе

Сподели со своите пријатели

Браќата Тејт, контроверзни британски бизнисмени и инфлуенсери обвинети за силување и трговија со луѓе, утрово во 5 часот се качиле на нивниот приватен авион во Букурешт и полетале за САД.

Loading...

Браќата со години живеат во Романија, каде што се верува дека изградиле империја на криминал и проституција.

38-годишниот Ендру Тејт и неговиот помлад брат Тристан беа уапсени во декември 2022 година во предградие на Букурешт пред три години под обвинение за силување, трговија со малолетници и перење пари.

И двајцата ги негираат сите обвиненија против нив.

Браќата имаат двојно британско-американско државјанство и им беше забрането да ја напуштат Романија до крајот на судењето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нова средба меѓу Русите и Американците, овој пат во Турција

Тие инаку имаат широка поддршка на десничарските социјални медиуми и јавно го поддржуваа Доналд Трамп за време на изборната кампања во САД.

Ендрју Тејт јавно негираше дека ја поттикнува културата на мизогинија и ја бранеше својата репутација, отфрлајќи серија обвинувања, вклучително и конкретни наводи за силување, трговија со луѓе и експлоатација на жени, за што тој е под истрага од романските обвинители.

Милиони следбеници

Ендрју Тејт има милиони следбеници ширум светот на YouTube и TikTok.

Loading...

Тој е самопрогласен женомрзец кој шири пораки дека мажите треба да доминираат врз жените.

Добар дел од славата стекнал токму од мизогинија.

Ендру и Тристан Тејт се преселиле во Романија во 2016 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Администрацијата на Трамп укинува повеќе од 90 отсто од странската помош на УСАИД

Нивниот бизнис со онлајн камери каде жените се соблекуваат за пари цветаше во таа земја.

Во еден момент, Ендру тврдеше дека заработува 400.000 фунти месечно од веб-камери и дека 75 жени работат за него.