Добитниците на џекпотот на EuroMillions, Ричард и Деби Нутал се побогати за 72 милиони евра, а за медиумите ги откриваат своите планови за иднината.
Брачен пар од Британија на почетокот мислел дека добиле три евра на лотарија, но по извлекувањето на 30 јануари, истакнуваат дека се уште се „запрепастени“, а на одмор ги чекале неверојатните вести.
„Ова е надреално. Сонувате да добиете на лотарија, но никогаш не мислите дека ќе успеете“, рекол Ричард.
Тој додава дека си го проверил сандачето и ја видел пораката од лотаријата.
Richard and Debbie Nuttall were on holiday when they learned of their winhttps://t.co/I4R4MgWPXi
— Liverpool Echo (@LivEchonews) February 21, 2024
Ѝ рекол на жената дека освоиле три евра, а таа одговорила: „Одлично, можеме да купиме сланина“.
Потоа повторно го проверил „инбоксот“, но овој пат добил неверојатно известување.
„Погледнав и ми пишуваше „го освоивте џекпотот, јавете се на овој број“, објасни Ричард.
Сопружниците откриваат дека не планираат да продолжат со работа, но имаат големи планови за во иднина, пренесува Sky News.
Пред само пет недели решиле да живеат во бунгалов, бидејќи нивните деца пораснале и го напуштиле семејниот дом.
„Сега се шириме. Нашите животи ќе бидат многу различни. Планираме да ја имаме земјата и да уживаме во неа. Работевме напорно цел живот и се радуваме на иднината. Оваа победа ќе ги промени животите на нашите најблиски, а се надеваме и на следните генерации“, рече Британецот.
Првото нешто што Ричард го купил по освојувањето на џекпотот бил нов сет на стапови за голф, бидејќи го сака спортот. Неговата сопруга купила фен за коса.
Тие планираат да ја поддржат работата на добротворната организација „БК Херои“, основана во спомен на нивниот внук Бен Кинг, кој починал од ретка болест на 27-годишна возраст.
The UK winners of a £61m EuroMillions jackpot have been revealed as Richard and Debbie Nuttall – who at first thought they had only won £2.60.
Read more: https://t.co/h6uBaHCKit pic.twitter.com/HiqAgPBRda
— Sky News (@SkyNews) February 21, 2024