Жикица Божиновски и Бобан Стефановски се најдобрите планинари на ЗПЗП „Козјак 2013“ од Куманово.
Здружението на планинари ЗПЗП ,,Козјак 2013″ од Куманово во просториите на Гимназијата ,,Гоце Делчев” го одржа завршното годишно собрание.
На собранието беше направена ретроспекција на сите активности во 2019 година, а беа предложени и плановите за следната 2020 година.
За најистакнати планинари беа прогласени Жикица Божиновски и Бобан Стефановски, кој исто така е добитник на признание и од Општински сојуз на спортови на Куманово и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија за високогорство.
Клубот учествува на бројни локални, државни и меѓународни искачување, а и самиот е организатор на бројни акции, како традиционална клупска акција на Козјак, пошумување во чест на патронатот на градот, осмомартовска акција.
Со своите планинарски активности членовите на клубот промовитаат здрав живот,популаризација на кумановско, подигање на еколошка свест, љубов и почит кон природата, како и прекрасни пријателски доживувања.
Планинарскиот клуб постои од 2013, има 95 члена, претседатели беа Марјан Милановски, Бобан Срефановски и сегашен Ангела Петковска.