Болтон: Бајден со своите одлуки само го одолговлекува поразот на Украина

Сподели со своите пријатели

Неуспехот на украинските сили кога е во прашање контраофанзивата се заснова на неодлучноста на западните сојузници и самиот американски претседател Џозеф Бајден, чии одлуки само го одложуваат поразот на Украина, тврди поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон.

Во авторска статија за „Волстрит џурнал“ Болтон наведува дека неспособноста на Украинците да постигнат значителен успех е директно поврзана со американската стратегија, која е насочена исклучиво кон ограничување на руските сили на фронтот.

Покрај тоа, постојаните дебати на Запад за целисходноста на испораката на оружје за Украина и руската нуклеарна енергија, исто така, предизвикаа „парализирачка претпазливост“ меѓу европските лидери, според Болтон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коњак стар 113 години, мени на француски и 1.500 прибори за јадење: Кралски банкет во чест на Трамп

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател нагласува дека Западот, а особено Вашингтон, треба „радикално да ја ревидира својата политика на санкции против Русија“.

„Теориите за ограничување на цената на руската нафта пропаднаа, а западните санкции сè уште не се целосно почитувани. САД и нивните сојузници треба да извршат целосна реорганизација и модернизација на сите инструменти, процедури и луѓе кои се одговорни за спроведувањето на тие рестриктивни мерки“, рече тој во написот, пренесува Спутник.

Белата куќа во својата стратегија треба да го вклучи и факторот Кина, бидејќи, според него, и Пекинг треба да воведе цела низа санкции против Русија, предупредува американскиот политичар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русија е премногу слаба за нови големи офанзиви

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.