Бојкотот сепак продолжи – кумановските средношколци утре на протест

Сподели со своите пријатели

Наставата се одвиваше со скратени часови во кумановските средни училишта, информираат од интерен Средношколски Пленум од Куманово. Ова е само дел од новата форма на бојкотот во училиштата, каде професорите не беа во можност да ги предадат предвидените лекции, велат од Пленумот, но, поради задоволување на законские норми за формално заведување на часовите во работниот дневник, одлучивме да спроведеме бојкот со скратени часови, но без следење на наставниот материјал, велат учениците.

Loading...

10982926_815773151811309_6354992058464156047_n

Во рамки на бојкотирање на наставата како начин да се допре до надлежните за укинување на одлуката за воведување математика во државна матура за гимназијалците, кумановските средношколци кои патем први во Македонија започнаа со протести во средните училишта, за утре најавуваат протест на градскиот плоштад во Куманово.

На протестот според најавите, постојат реални шанси да им се придружи на Наставничкиот Пленум, велат средношколците, но, тоа засега останува само како предлог опција која се уште не е утврдена докрај.

Во меѓувреме, пред средното училиште ”Перо Наков” во Куманово, денес продолжи иницијативата за собирање потписи и парични средства како поддршка во активностите на Средношколскиот Пленум.

На својот Фејсбук профил, Средношколскиот Пленум се пожали на тотално дезавуирање од страна на надлежните:

7 дена не функционира средното образование во Македонија а Министерството за образование и наука ниту еднаш не не исконтактираа, не дојдоа да ги слушнат нашите причини за бојкот.

Тоа само укажува на несериозниот пристап кој оваа институција го има во однос на образованието во нашата земја.

Сакаме нашиот став да биде слушнат.

Според Средношколскиот Пленум, во Македонија протестираат речиси 99 насто од средните училишта.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *