Боцвана претстави неверојатен дијамант од 20,46 карати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најголемиот син дијамант пронајден некогаш во Боцвана, од 20,46 карати, претставен е во главниот град на земјата Габороне.

Loading...

Државната компанија „Окаванго дајмнод компани“ го прогласи овој скапоцен камен за најголемдијамант некогаш пронајден во земјата која е еден од најголемите произведувачи на дијаманти во светот.

– Неверојатно е ретко да се пронајде камен со таква боја и природа. Тоа е едноставно откритие, рекол Маркус тер Хар, генерален директор на компанијата.

Каменот е изваден  од рудникот Орпа на истокот, најголем отворен рудник за дијаманти во светот, и влегува во категоријата многу ретки примероци на син дијамант.

Исполираниот дијамант е наречен Син Окаванго, што се однесува на делтата на Окаванго во Боцвана.

Силната сина боја доаѓа од минералот борон кој бил присутен во карпите на океаните кога дијамантот бил формиран пред околу една до три милијарди години.

Хар рекол дека само неколку такви сини дијаманти излегле на пазарот последните десет години. Компанијата навела дека очекува дијамантот да биде понуден на продажба до крајот на годината.

Во 2016 година познатиот син дијамант Опенхајмер ги урна сите рекорди на аукцијата во Кристи во Женева. Каменот со исклучително сина боја продаден е по рекордна цена од 57,54 милиони долари.

Loading...
https://youtu.be/PgypjY4VDFc

Фото: Пиксабеј

Leave a Reply