Вашингтон не ѝ помогна на Украина да изврши удари на територијата на Русија, го цитира агенцијата „Блумберг“ американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Ние не ги охрабруваме Украинците да извршат удари на територијата на Русија и не им даваме можности да извршат такви напади“, рече Блинкен.
„Заедно со нашите партнери од целиот свет, ние сме целосно посветени да обезбедиме тие да ја имаат потребната опрема за да се одбранат себеси, својата територија и својата слобода“, се вели во соопштението на државниот секретар.
На 5 декември, украинските сили се обидоа да нокаутираат руски авиони со долг дострел, напаѓајќи ги воените аеродроми „Дијагилево“ во Рјазанската област и „Енгелс“ во Саратовската област со млазни дронови од советско производство. Руските сили успеаја да ги соборат беспилотните летала.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.