Блинкен денеска во Узбекистан

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе ја заврши кратката турнеја низ Централна Азија во Узбекистан, пред да замине за Индија на состанокот на министрите за надворешни работи на Групата 20, на кој ќе доминира Украина, пренесува АП.

Loading...

Блинкен денеска се сретна со високи претставници на Узбекистан во Ташкент, еден ден откако ги предупреди своите колеги од сите пет централноазиски земји за опасностите од руската војна во Украина.

Зборувајќи пред разговорите со вршителот на должноста министер за надворешни работи на Узбекистан, Бахтиор Саидов, Блинкен рече дека верува оти САД и земјите од Централна Азија ја споделуваат загриженоста за војната во Украина, иако поранешните советски држави одржаа неутрална позиција за конфликтот.

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Узбекистан Саидов му се заблагодари на Блинкен за американската поддршка на неговата земја и нејзините соседи.

Сакам да подвлечам дека споделуваме заеднички приоритети за просперитетна, стабилна и мирна Централна Азија, рече тој, пренесе АП.

Блинкен подоцна треба да се сретне со узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев, пред да замине за Њу Делхи, каде што ќе присуствува на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи од Групата 20 најразвиени земји, вклучувајќи ги Кина и Русија.

Разговорите на Г20 доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу САД и Русија и меѓу Вашингтон и Пекинг поради војната во Украина и кинеската активност во Индо-Пацификот.

САД и нивните западни сојузници во Г-20 ќе се залагаат групата да заземе построг став во врска со војната, додека Русија и Кина најверојатно ќе притиснат за поголема поддршка за кинескиот мировен предлог за Украина, кој Пекинг го претстави минатата недела и западот во голема мера го отфрли тој план, според АП.

Loading...

Минатата недела состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Индија заврши без консензус за Украина.