ДНК анализата на 10.000 години старите посмртни остатоци открила дека „Човекот од Чедар“ имал значително потемен тен отколку што претходно се мислело. Мажот исто така имал сини очи и темна, кадрава коса.
Во Египет откриена гробница стара 4.400 години (ФОТО)
Loading...
Претходните реконструкции кои не биле засновани на ДНК анализа, го прикажувале човекот со посветол тен и посветла коса.
Новооткриени фосили покажуваат дека луѓето много претходно пристигнале од Африка
Настариот зачуван скелет, пронајден на територијата на Велика Британија, ископан е пред повеќе од еден век во една пештера во Сомерсет.
Научник на чекор од решавањето на најголемата мистерија на стар Египет
Процесот на истражување и ремоделирање прикажан е во документарец на британскиот Канал 4, „The First Brit: Secrets of the 10,000 Year Old Man“.
Се смета дека човекот од Чедаr умрел во дваесетите години и дека имал релативно добра исхрана.
Генетички припаѓал на групата „Западни ловци – собирачи“ од периодот на мезолит, кои се населувале на подрачјето на Шпанија, Унгарија и Луксембург.
Замрзната гробница пронајдена во Сибир: Во неа остатоци од кралското семејство? (фото+видео)
Неговите предци мигрирале во Европа од Блискиот исток, пред крајот на леденото доба. И поракј тоа што Британија претходно ја населувале други популации, сите изумреле пред доаѓањето на оваа група луѓе. Се смета дека 10 отсто од денешната бела британска популација води потекло од предците на човекот од Чедар.
Село постаро од пирамидите: Откриена древна населба од ледениот период, научниците во шок (видео)
– Луѓето обично се дефинираат според земјат аод која доаѓаат и претпоставуваат дека нивните предци изгледале како нив. А тогаш одеднаш се појавува ново истражување, кое покажува дека на тие исти простори, освен нивните предци, живееле уште некои, целосно поинакви луѓе. Ова откритие секако ќе ги изненади луѓето, а можеби и малку ќе им ги приближи мигрантите. Можеби конечно ќе се отарасиме од таа идеја дека ако сме од некој крај мора да изгледаме на одреден начин. На крајот на краиштата, сите ние сме мигранти, вели истражувачот Алфонс Кенис.
На фосил стар 530 милиони години пронајдено најстарото око
Истражувањето го спровеле ДНК експерти од Универзитетскиот колеџ во Лондон во соработка со Музејот за природна историја.