Бизарен закон во САД: По смртта можете да станете ѓубриво за замјиште

Сподели со своите пријатели

Граѓните можат да бираат дали сакаат по смртта телото да им се искористи за ѓубрење на земјиштето, кое потоа може да се користи за садење цвеќе, зеленчук или дрвја.

Loading...

Американската сојузна држава Вашингтон е прва во САД која изгласа легализирање ѓубрење на земјиште со човечки тела.

Овој бизарен закон стапи на сила во вторник, откако го потпиша гувернерот Џеј Инсли, инаку член на Демократската партија.

Според него, граѓаните во иднина ќе може да бираат дали сакаат телото по смртта да им се искористи за ѓубрење на земјиштето. Овој процес е замислен како алтернатива за кремација и класичен погреб, особено во градови кои консантно имаат недостаток на простор за гробишта и крематориуми.

На крајот на процесот членови на семејствата на починатите добиваат наѓубрена земја која можат да ја искористат за садење цвеќе, зеленчук или дрвја.

Катрина Спејд, сопственичка на компанијата „Рикомпоз“, била една од најгласните поборници на донесувањето на овој бизарен закон.

– Ние нудиме алтернатива за балсамирање и класично погребување или кремација. Нашата псотапка е целосно природна, безбедна и одржлива. Неговата најголема предност е во тоа што дополнително се намалува ослободување на јаглерод диоксин и се штеди употребата на земјиштето, рекла таа.

Катрина Спејд сликовито го објаснила процесот како земјата се ѓубри со човечки лешеви.

Loading...

– Телото на починатиот се става во челичен контејнер со хексоаголна форма заедно со детелина, опции со примеси на дрво и слаба. Контејнерот се затвора и телото потоа се остава да гние природно 30 дена. Со оваа постапка се добива ѓубриво за две колици кое потоа семејството на починатиот може да го искористи по желба, вели таа.

Овој вид погребување, кој се нарекува „природно пријателски“ последните години е се повеќе популарен во светот. Во Шведска е легален, додека во Бритнаија е можно да се погреба покојник без биоразградлив ковчег или во него.

Leave a Reply