Етиопското племе Хамар има стравичен ритуал – мажите до крв ги бичуваат и тепаат жените. Што полоша лузна, тоа е поголем доказ за љубовта.
За време на церемонијата „Укули була“ мажите од племето Хамар со сета своја сила со стап и бичеви ги тепаат девојките и жените, кои потоа не смеат да испуштат ниту глас, а не да заплачат или да врескаат.
Се работи за ритуал со кој момчињата стануваа мажи, а жртви се најчесто жените кои се дел од потесното или поширокото семејство на момчето. Ритуалот е успешен дури кога ќе потече крв, а лузните се најубавиот дел од бруталната традиција.
Ако на бичувана жена еден ден и биде потребна помош од мажот кој ја бичувал на оваа церемонија, на пример, ако остане вдовица, лузната е доказ дека тој е должен да и помогне и не смее да одбие да го стори тоа.
Најбизарниот фестивал во светот: Се сечат со мечеви, а лицето го дупчат со ексери (вознемирувачко)
Но, тука не е крајот на ќотекот. Секој маж може својата жена (или жени ако ги има повеќе) да ја тепа каде посака, со причина или без. Тепањето најчесто трае додека жената не роди второ дете.
Инаку, ритуалот за растење на момчињата во племето Хамар има два дела: обрежување и прескокнување преку бикови. Ако момчето, целосно голо и босо успее да прескокне 15 крави подготвено е да стане Маза – полноправен член на племето и да се ожени. А, додека ги прескокнува биковите и него го тепаат.
Ова е најбизарниот сериски убиец во последните години (фото)