Билјана Гегоска и Филип Белчев се годинашните невеста и зет на традиционалната 42 -ра по ред ”Галичка свадба.
Векови наназад, ”Галичката свадба” се одржува на 11-ти јули кога во селото Галичник ќе одекнат зурлите и тапаните, со што ќе го најават почетокот на Петровденската традиција.
„За нас „Галичката свадба“ не е манифестација, туку е овековечување на нашата љубов. Нашето и учеството на нашите фамилии, нема да биде улога, туку ќе претставува чекорење по стапките на нашите предци“, вели невестата, родена Галичанка.
Вечерта, пред куќата на младоженецот и пред куќата на невестата, ќе бидат изведени десетина свадбарски обичаи. Следниот ден, на Петровден, младите ќе се венчаат во импозантниот храм „Свети Петар и Павле“, каде што пред Бога ќе си ветат долговечен, верен, заеднички живот исполнет со многу дечиња.