Бил Гејтс: Овие шест иновации ќе го променат светот

Сподели со своите пријатели

Нјабогатиот човек во светот и основач на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, открива шест иновации кои, според негово мислење, би можеле да го променат човештвото. Поголемиот дел од работите кои се наоѓаат на неговата листа немаат врска со компјутерите, туку со нашето здравје и подобрувањето на животот.

Подобри складишта за вакцините

Вакцините спасиле милиони животи ширум светот, но многу брзо се расипуваат ако не се чуваат на соодветни температури. Група научници од компанијата „Global Good“ од Сиетл креирала иновативен фрижидер под името „MetaFridge“.

Неверојатни работи за Бил Гејтс кои сигурно не сте ги знаеле

Loading...

Спцифичен е по тоа што држи ниски температури дури и кога останува без струка, па вакцините во него нема толку лесно да се расипат. Фрижидерот работи со преносни вентилатори, па лекарите вакцините можат да ги носат на поголема одалеченост и полесно да дојдат до децата во зафрлените подрачја.

Едитирурање на гените

– Замислете ја иднината во која би мпжеле да земеме ДНК од болна личност, да ги отстраниме гените кои ја предизвикуваат болеста и на тој начин да ја излечиме, на пример, од комарецот да ги отстраниме гените кои предизвикуваат маларија, објаснува Гејтс.

Каков телефон (не)користи Бил Гејтс?

Едитирањето на гените се уште е во рани фази на развојот и со себе повлекува низа прашања за тоа како оваа технологија ќе се кориси на одговорен и етичен начин.

Соларно гориво

– Ако сакаме да се решиме од зависноста од фосилните горива и климатските проблеми, ни треба што повеќе различни пристапи. Неодамна посетив лабораторија во Институтот Калтек, каде научниците се обидуваат да пронајдат начин сончевата енергија да ја претворат во гориво, вели Гејтс.

И натаму сме далеку од моментот кога автомобилите ќе се движат на соларно гориво, но креативениот пристап од научниците на овој институт, на Гејтс му даваат надеж дека во блиска иднина ќе успееме да направиме енергетско чудо.

Неверојатни работи за Бил Гејтс кои сигурно не сте ги знаеле

mRNA вакцини

Поголемиот дел од денешните вакцини користат ослабнати или неактивни форми на вирусот за да го потикнат нашиот имунитет на производство антитела и да се спречи болеста. Меѓутоа, научниците се обидуваат да користат генетски материјал кој би можел да го забрза и поевтини развојот на новите вакцини.

Ако на тој начин успееме да го научиме нашето тело да креира сопствени одбрамбени механизми, тоа ќе ни помогне да целосно нови начини го спречиме појавувањето на болестите.

http://kumanovskimuabeti.mk/shokantno-bil-gejts-so-novite-vakcini-kje-go-namalime-brojot-na-naselenieto-video/

Подобро внесување на лековите

– Ако секој ден во исто време треба да испиете некој лек, тогаш сигурно знаете колку често се случува да заборавите да ја испиете таблетата, вели Гејтс.

Компанијата „Интарсија“ направила мал уред кој се вградува во кожата на човекот и кој полека ги ослободува лековите во крвотокот за време на одреден временски период.

Постојат неколку начини накои оваа технологија може да се искористи за превенција и контрола на болестите, а Гејтс истакнува дека овој уред особено е корисен за лицата кои се изложени на ХИВ вирусот. Еден имплант на лице заболено од ХИВ може да штити дури година дена.

Со помош на чипови во мозокот ќе се подобрува памтењето на луѓето

Вештачка интелигенција

– Од сите иновации на оваа листа, сигурен сум дека оваа во целост ќе го трансформира нашиот начин на живеење. Сметам дека вештачката интелигенција нашиот живот ќе го направи попродуктивен, поделотворен и полесен, додава основачот на „Мајрософт“ вклучувајќи ја и промената на професијата на луѓето кои поради автоматизацијата ќе останат без работа.