Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците од улиците „Егејска Македонија“, улица „316“ бр. 24 во населбата Ајдучка чешка, улица „Цар Самоил“ бр. 16, село Черкези.

Прекини во водоснабдувањето ќе има и во населбата Железничка станица (сектор маркет Елида) каде ќе се врши лоцирање на забетонирана водоводна шахта и сервисирање на истата.

На улицата „Индустриска“ прекин ќе има поради лоцирање на канализациони ревизиони шахти испод коловоз од бекатон плочки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

Во меѓувреме ЈП „Водовод“ Куманово ќе изврши и контролно мерење на притисок на водоводна мрежа во населбата Вера Которка и евентуална корекција на истиот.

Екипите на претпријатието се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски