Без вода денеска четири улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири улици во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на ЈП „Водовод“.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, поради дефекти денеска без вода ќе бидат корисниците од булеварот „3 та МУБ“ бр. 67, улицата „Б.М Димковиќ“ бр.15, како и улицата „400“ бр. 37. во населбата Иго Тричковиќ.

На улицата „ЈНА“ денеска ќе има прекин на старите приклучувања на водоводна мрежа поради изведба на станбен објект.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотоциклист од Куманово тешко повреден откако излетал од пат