Сподели со своите пријателиВо текот на утрешниот ден неколку локации низ Куманово ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Во период од 08:30 до 15:00 часот прекини на електричната енергија ќе има на дел од улиците „Лесковачка“, „Видео Смилевски Бато“ и „Б.Б. Гуцман“. Од 08:30 до 15:00 часот електрична енергија нема да има во селото Ваксинце. Станува збор за планирани прекини на електричната енергија од страна на ЕВН Македонија. 2017-07-31