Без струја голем дел од Куманово и околината

Сподели со своите пријатели

Голем дел од Куманово и околината утринава беа без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Центарот на градот и приградските населби неколку часа од утринава беа струја, но околните села веќе со денови, откако падна првиот снег.

Прекини од утринава имаше кај корисниците од улиците „Моша Пијаде“, „Доне Божинов“, населбите Перо Чичо, Карпош, Средорек и Ајдучка чешма.

Но, без струја се и селата: Макреш, Канарево, Бајловце, Алинце, Добрача, Свиланце, Жељувино, , Градиште, Габреш , Кучкарево, Долно Којнаре, Речица, Винце, Вак’в, Студена бара.

Мештаните од кумановското село Габреш утринава се пожалија дека струја немаат веќе триесетина часа. Таму ни патот не е целосно расчистен, а утринава нема ни настава во училиштето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стево Пендаровски подобро котира во Липково

– Браме поактивно дејствување на институциите, ние сме луѓе. Селото е од разбиен тип, има околу шеесетина куќи. Родителите мора да ги водат децата, да го пробиваат патот, а сега не може ниту учителката од Куманово да дојде, школото не работи, вели Марјан Савковски, претседател на МЗ Градиште.

 

Loading...

 

Мештаните на оваа село велат дека дел од пристапот до селото е исчистен, но погорниот дел од селото се уште е завејан, а ЕВН тоа го наведува и како причина зошто немаат струја.

– Електродистрибуција се соочија со непрооден пат и поради тоа не беа во можност да го санираат дефектот кој ги остави без снабдување со електрична енергија жителите на селото Градиште. Денес патот е прооден, а екипите се веќе на терен и работат на санација на дефектот, велат од Електродистрибуција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Која е излезноста до 17 часот во Старо Нагоричане?

 

 

Но, зошто приградските населби и центарот на градот беа без електрична енергија засега е непознато.

Никола Ивановски

Loading...