Без струја денеска и утре повеќе села во Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

Повеќе села во Куманово и Липково денеска и утре привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 07:55 до 16:00 часот денеска прекини ќе има во кумановските села Мургаш, Кутлубет, Пезово, К’шање и с.Кокошиње.

Утре во период од 07:30 до 14:30 часот прекини се најавени за корисниците од населбата Долно Којнаре.

Во период од 09:00 до 14:30 утре прекини ќе има во повеќе села во Општина Липково и тоа: Слупчане, склад за нафтени деривати во село Ваксинце, Оризаре, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски