Повеќе делови на Куманово во текот не денешниот и утрешниот ден ќе останат привремено без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 07:45 до 14:00 часот, прекини ќе има кај делот околу Филтер станицата, потегот околу касарната „Боро Менков“, населбата Железничка станица и село Черкезе.
Од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Љубодраг, Ново Село, Умин Дол и Ропаљце.
Прекини ќе има и утре, и тоа во период од 07:30 до 16:30 часот во селата Мургаш, Кутлибег, Пезово, К’шање и Кокошиње.
Од 08:00 до 13:00 часот се без струја ќе бидат дел од булеварот „Октомвриска Ревулуција“, поточно зградите во близина на „Техно маркет“ и „Нико бои и лакови“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски